Uncategorized, Активности, Новости|

Делегација на Бирото за регионален развој, предводена од директорот Шабан Алајбегу, успешно реализираше студиска посета на Република Естонија, со цел размена на знаења, искуства и добри практики во областа на регионалниот развој, дигитализацијата и ефикасното управување со јавните ресурси.

Во рамките на студиската посета беа остварени повеќе работни средби со претставници на релевантни естонски институции, при што делегацијата имаше можност непосредно да се запознае со современите пристапи и иновативните решенија што се применуваат во Естонија.

Посебен акцент беше ставен на следните области:

  • Дигитална трансформација и електронско управување – запознавање со естонскиот модел на дигитализација и е-услуги (e-Estonia).
  • Управување со европски фондови и јавни грантови – размена на искуства за ефикасно планирање, распределба и користење на финансиските средства (RTK).
  • Меѓуопштинска соработка и регионално планирање – разгледување на механизмите за координација и соработка помеѓу локалните и регионалните институции (HOL / MARO).
  • Паметни градови и одржлив рурален развој – запознавање со иновативни решенија и практики преку FinEst Centre и Општина Рае.

Стекнатите знаења и искуства претставуваат значаен придонес кон понатамошното унапредување на институционалните капацитети на Бирото за регионален развој, модернизацијата на работните процеси и подобрувањето на поддршката за општините.

Размената на добри практики ќе придонесе и кон поефикасно спроведување на Законот за рамномерен регионален развој, со цел поттикнување на одржлив и рамномерен развој во сите осум плански региони во Република Северна Македонија.

Бирото за регионален развој изразува благодарност до естонските институции и домаќини за гостопримството, отвореноста и споделените искуства, како и посебна благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за организацијата, логистичката поддршка и континуираната соработка во јакнењето на институционалните капацитети.

„Мисли локално, делувај регионално, развивај национално!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window
↑