Од 1974 до 1994 година важеше законот за Републички фонд за кредитирање на побрзиот развиток на стопански недоволно развиените краишта. Институцијата преку која се пласираа средствата  беше Републички фонд за кредитирање на побрзиот развиток на стопански недоволно развиените краишта.

Од 01.01.1994 година престанува со работа Републичкиот фонд, а почнува со работа Агенцијата за стопански недоволно развиените подрачја.

Од 2000 година правен следбеник на оваа Агенција е Бирото за стопански недоволно развиени подрачја.

Од 01.01.2008 година правен следбеник е Бирото за регионален развој, орган во состав на Министерството за локална самоуправа, со својство на посебно правно лице.

Бирото ги врши следниве основни работи:

  1.  спроведува активности со кои придонесува за остварување на целите на политиката утврдени во планските документи за рамномерен регионален развој,
  2.  доставува известување до Центрите за развој на планските региони за прибирање на Предлог-проекти за средствата од Програмата за рамномерен регионален развој,
  3.  објавува јавни повици за прибирање на Предлог-проекти за средствата за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одджлив и урбан развој, подрачја со специфични развојни потреби и селата,
  4.  дава стручна поддршка на Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје при аплицирање на Предлог-проекти за средствата од Програмата за рамномерен регионален развој,
  5.  врши прием, евиденција и обработка на поднесените Предлог-проекти за поттикнување на рамномерен регионален развој,
  6.  ги подготвува и доставува листите на аплицирани Предлог-проекти за развој на планските региони, развој на урбаните подрачја, развој на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби до претседателот на Комисијата за оцена на Предлогпроекти,
  7.  ја спроведува Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, развој на урбаните подрачја, развој на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби,
  8.  склучува договори за реализација на проектите,
  9.  дава стручна поддршка на Центрите за развој на планските региони и единиците на локалната самоуправа при реализација на проектите и во вршење на активности поврзани со рамномерниот регионален развој,
  10.  го следи користењето на доделените средства за проекти за поттикнување на рамномерен регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој,
  11.  изготвува годишен извештај за реализацијата на проектите и го доставува до Министерството до крајот на првото тромесечје во наредната година за претходната година,
  12.  воспоставува и се грижи за одржување на мониторинг систем за спроведување на проектите,
  13.  учествува во подготовка на аналитичко-документациона основа за изготвување на стратешките и оперативните плански документи за рамномерен регионален развој,
  14.  организира, спроведува и координира теренски посети за следење на начинот на реализацијата на проектите,
  15.  може да спроведува активности за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност и
  16.  врши други работи од областа на рамномерен регионален развој утврдени со закон.
Извори за финансирање на регионалниот развој:
  • Буџетот на Република Македонија (1% од БДП);
  • Буџетите на единиците на локалната самоуправа;
  • Фондовите на Европската унија;
  • Други меѓународни извори;
  • Донации и спонзорства од физички и правни лица.
Кој може да аплицира?
  • Единиците на локална самоуправа;
  • Правни лица кои ќе реализираат проекти во регионите;
За какви проекти може да се аплицира?

За инфраструктурни проекти:
· Технички (регионални и локални патишта, водоводи и сл.);
· Социјална инфраструктура (училишта и здравствени станови);
· Проекти за развој на туризмот во регионите

Распределба на средствата за поттикнување рамномерен регионален развој:
  • 55% за финансирање на проекти за развој на планските региони;
  • 15% за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и оддржлив и урбан развој;
  • 15% за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и
  • 15% за финансирање на проекти за развој на селата.

Средствата се доделуваат на единици на локалната самоуправа во кои се определени подрачја со специфични развојни потреби, откако претходно истите ќе добијат согласност од регионалните совети.

Comments are closed.

Close Search Window