Јавен повик, Новости|

Врз основа на член 47 став 1 и член 48 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.24/21, 174/21 и 241/24), Бирото за регионален развој објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА УРБАНИТЕ ПОДРАЧЈА И ОДРЖЛИВ И УРБАН РАЗВОЈ, РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ  РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ И ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

            Предмет на јавниот повик е доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични  развојни потреби и за развој на селата, од Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 29/26).

  1. I. ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА УРБАНИТЕ ПОДРАЧЈА И ОДРЖЛИВ И УРБАН РАЗВОЈ
  1. 1. ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

Вкупниот износ на средства за финансирање проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој, согласно член 2, точка 4 од Табелата на Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 29/26), изнесува 22.345.950 денари.

                2.НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА

Согласно член 39 став (2) од Законот за рамномерен регионален развој, средствата наменети за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој се распределуваат по планските региони врз основа на Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот од 2024 до 2028 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 262/24).

3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Право да поднесуваат предлог проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој согласно член 39 став (1) имаат општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Општините аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој со пополнување на формуларот за аплицирање кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој   www.brr.gov.mk.

4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Општините формуларите за аплицирање за финансирање на предлог-проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој ги доставуваат до Бирото за регионален развој, на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 20, Скопје, во два (2) оригинални примероци и во електронска форма на CD (скениран потпишан формулар и Word-верзија), во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

  1. II. ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ

1.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

Вкупниот износ на средства за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби, согласно член 2, точка 2 од Табелата на Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 29/26), изнесува 22.345.950 денари.

                2.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Право да поднесуваат предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби согласно член 40 имаат општините и општините во градот Скопје во кои се определени подрачја со специфични развојни потреби, утврдени со Одлука за определување на подрачјата со специфични развојни потреби (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 39/25), како и Центрите за развој на планските региони, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.

            Општините и општините во градот Скопје, Центрите за развој на планските региони, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на подрачјата со специфични развојни потреби со пополнување на формуларот за аплицирање кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој   www.brr.gov.mk.

                3.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Општините и општините во градот Скопје, Центрите за развој на планските региони, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата, формуларите за аплицирање за финансирање предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби ги доставуваат до Бирото за регионален развој, на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 20, Скопје, во два (2) оригинални примероци и во електронска форма на CD (скениран потпишан формулар и Word-верзија), во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

III. ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА

1.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

Вкупниот износ на средства за финансирање проекти за развој на села, согласно член 2, точка 3 од Табелата на Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 29/26), изнесува 22.345.950 денари.

2.НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА

Согласно член 41 став (2) од Законот за рамномерен регионален развој, средствата наменети за развој на села се распределуваат по планските региони врз основа на Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот од 2024 до 2028 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 262/24).

                3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Право да поднесуваат предлог проекти за развој на селата имаат општините и општините во градот Скопје кои имаат село во нивниот состав, во согласност со член 10  и член 12 од Законот за територијална организација на Република Македонија  (“Службен весник на Република Македонија” бр.55/04).

Општините аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на селата со пополнување на формуларот за аплицирање за таа намена кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој  www.brr.gov.mk.

            Општините со седиште во град кои поднесуваат предлог проекти за развој на селата кои влегуваат во нивниот состав согласно член 48 став (5) од Законост за рамномерен регионален развој се должни да обезбедат кофинансирање во висина од 50% од вредноста на предлог проектот.

4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Општините формуларите за аплицирање за финансирање на предлог-проекти за развој на села ги доставуваат до Бирото за регионален развој, на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 20, Скопје, во два (2) оригинални примероци и во електронска форма на CD (скениран потпишан формулар и Word-верзија), во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

кликнете на овој линк за насоки за аплицирање и формулари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window