Јавен повик, Новости|

Во согласност со вашите надлежности утврдени во Законот за рамномерен регионален развој,  (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.24/21, бр.174/21 и 241/24) а во функција на спроведување на наведениот закон, Ве информираме дека Министерството за локална самоуправа – Бирото за регионален развој иницира  постапка за прибирање на предлог проекти за развој на планските региони.                 

Според Програмата зa рамномерен регионален развој за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.29/26) вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони изнесува 81.545.150 денари. Распределбата на средствата по планските региони ќе се врши процентуални според Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност за период од 2024 година до 2028 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.262/24).

Во согласност со член 44 став (1) од Законот за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на планскиот регион е должен до Бирото да ја достави листата на утврдените проекти за кои се бара финансирање, заедно со формуларите за аплицирање и целокупната потребна документација, најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на ова известување.

Бирото за регионален развој ја одредува минималната сума по проект за оваа година и таа изнесува 5.000.000 денари за проекти од регионите чие учество во државната помош за рамномерен регионален развој е над 10%, односно 3.000.000 денари  за проекти од регионите чие учество во државната помош за рамномерен регионален развој е под 10%. Проект доставен и проектиран под оваа минимална сума нема да се земе во предвид за оценување од страна на Комисијата за оценување и евалуација на проекти. Формуларот за аплицирање за финасирање на предлог проекти за развој на планските региони е објавен на веб страницата на Биро за регионален развој  www.brr.gov.mk.

Апликациите за финасирање предлог проекти за развој на планските региони Центарот за развој на планските регион треба да ги достави до Бирото за регионален развој, ул. Св. Кирил и Методиј 20 Скопје, во два оригинали и во електронска форма на CD (word и pdf формат скениран со печати и потписи).

кликнете на овој линк за насоки за аплицирање и формулари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window