Активности, Јавен повик, Новости|

Почитувани,

Ве покануваме да земете учество во Вториот повик за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти во рамките на Фондот за техничка документација кој се организира како дел од втората фаза на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти” (2022 – 2026) финансирана од страна на Шведска и Бирото за регионален развој. 

Овој повик, организиран од УНДП, е втор од вкупно трите планирани во рамките на тековната втора фаза на Проектот (2022-2026). Последниот (третиот) повик ќе биде спроведен од страна на Бирото за регионален развој .

Клучна разлика со претходниот повик е тоа што фокусот на овој повик е ставен на типови проекти кои што имаат потенцијал да го намалат загадувањето на воздухот од различни загадувачки материи. За таа цел, предложените проекти треба да вклучуваат мерки кои што ќе ги намалат емисиите на ваквите загадувачки материи од некои од нивните клучни извори (на пр., сообраќај, системи за греење, цврст отпад) кои што се во надлежност на единиците на локалната самоуправа во државата. 

Поднесувањето на барањата на овој повик ќе биде овозможено преку онлајн платформа за чиешто користење ќе имаме посебен состанок. Датумот и времето на овој состанок дополнително ќе се одредат. 

Рокот за поднесување на барањата е 10 јуни 2024. Сите преостанати детали околу барањата на повикот може да ги најдете во документот во прилог. 

Согласно претходната пракса, доколку имате какви било прашања по однос на овој повик, ве молиме да ги испратите на bmcpi@undp.mk. Одговорите на истите ќе бидат испратени до сите. 

Ви благодариме за интересот и ви посакуваме успех во искористувањето на достапните грантови во рамките на овој повик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window