Листа на информации од јавен карактер на БРР

– податоците од надлежностите кои ги извршува Бирото, односно  кои се утврдени со закон,

– основните податоци за контакт со Бирото и тоа: назив, адреса, телефонски број, е-маил адреса и адресата на интернет страницата,

– податоците за Директорот (биографија, податоци за контакт и друго),

– основните податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации и тоа: име и презиме, е-маил адреса и телефонски број,

– основните податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување и тоа: име и презиме, е-маил адреса и телефонски број,

– список на лица вработени во Бирото со позиција, службен е-маил и службен телефон,

– законите кои се однесуваат на надлежноста на Бирото

– прописите што во рамките на својата надлежност ги донесува Бирото во вид на подзаконски акт: правилници (правилник за внатрешна организација, правилник за систематизација на работните места, правилник за заштитено внатрешно пријавување и друго), уредби, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа се овластени со закон,

– органограм за внатрешна организација,

– стратешки планови,

– годишен Буџет и завршна сметка,

– годишни финансиски планови по квартали и програми за реализација на буџетот,

– ревизорски извештаи,

– видови услуги кои ги дава Бирото (информации за физичката достапност за остварување на услугите и информации за е-услугите, податоците за законските основи, називот на услугите, документите и податоците потребни за остварување на секоја од услугите, механизмите за правна заштита и други релевантни податоци),

– начинот на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат),

– целокупната документација за јавните набавки,

– предлог на програми, програми, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на актите од надлежноста на Бирото, соопштенија до јавноста за работи преземени од интернет страницата во согласност со законските надлежности, информативни билтени, службени гласила ако се обврска согласно со закон и друго,

– извештаи за работа кои ги поднесува до органите надлежни за спроведување контрола и надзор,

– статистички податоци за работата, како и други информации, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните и кои произлегуваат од надлежноста и работата на Бирото и

– други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на Бирото.