Активности, Јавен повик|

Во согласност со Законот за рамномерен регионален развој, ве информираме дека Министерството за локална самоуправа – Бирото за регионален развој иницира  постапка за прибирање на предлог проекти за развој на планските региони.                 

Според Програмата зa рамномерен регионален развој за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.25/25 вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони изнесува 66.543.590 денари.

Распределбата на средствата по планските региони ќе се врши процентуално според Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот од 2024 година до 2028 година („Службен весник на РСМ” бр.262/24).

Според член 44, став 1 од Законот за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на планскиот регион е должен да ја достави листата на утврдените проекти за кои се бара финансирање, заедно со Формуларите за аплицирање и целокупната потребна документација, до Бирото, најдоцна 30 дена од денот на  доставување на известувањето.

Формуларите за аплицирање и насоките за аплицирање може да ги превземете тука

Формуларите за аплицирање за финасирање на предлог проекти за развој на планските региони, Центарот за развој на планскиот регион треба да ги достави до Бирото за регионален развој, ул. Св. Кирил и Методиј 20 Скопје, во два оригинали и во електронска форма на CD (word и pdf формат скениран со печати и потписи).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window