УНДП во соработка со Бирото за регионален развој објавува Втор повик за проекти за меѓуопштинска соработка (МОС), во рамки на проектот „ Oпштините како двигатели за одржливиот развој“.
Целта на овој повик е да се поддржат напорите преку воведување иновативни алатки за рамномeрен регионален развој, насочувајќи се кон помалку развиените подрачја и кон подобрени модели на меѓуопштинска соработка. Со тоа ќе се придонесе за подобри локални услуги и ќе се направи дополнителен чекор кон сеопфатен и долгорочен рамномерен регионален развој.
Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:
– Финансиско управување,
– Заштита на животната средина,
– Транспорт,
– Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот,
– Други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ.
Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин.
Посебен фокус ќе се стави врз иновации при испораката на локални услуги на технолошко ниво, што ќе придонесе за искористување на можностите создадени со дигитализацијата и ќе ги подигне меѓуопштинската соработка и придобивките од ефикасноста на ново ниво. Дополнително, иновативни и традиционални облици на меѓуопштинска соработка ќе бидат подржани и во останатите области кои се во надлежност на единиците на локалната самоуправа.
Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 8 (осум) месеци. Вкупниот износ за овој повик изнесува 100.000 УСД. Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина до 30.000 УСД (изразени во МК денари) со кофинансирање од страна на општините во висина од најмалку 20%. Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамките на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.
На Вториот отворен повик можат да конкурираат сите општини коишто не биле финансирани во рамките на Првиот повик.
Општините кои изразуваат интерес да аплицираат на овој повик, на следните веб страници можат да ги превземаат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет:
Пријавите се примаат најдоцна до 25.06.2025 година, до 14:00 часот. Ниедна пријава нема да биде примена по истекот на рокот. Со цел за детално презентирање на оперативните насоки и формуларот за аплицирање, во периодот од 09 до 13 Јуни 2025 година, ќе се оддржат неколку он-лине инфо сесии.
Симнете ги потребните документи






