- Рамномерен и оддржлив развој на целата територија на Република Македонија, заснован врз моделот на полицентричен развој;
- Намалување на диспаритетите во рамките на планските региони и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани;
- Зголемување на конкурентноста на планските региони преку зголемување на иновациите,оптимално користење на природното богаство и човечкиот и економскиот капитал;
- Зачувување и развивање на посебниот идентитет на планските региони, како и нивна афирмација и развој;
- Ревитализација на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
- Поддршка за меѓуопштинската и прекуграничната соработка за поттикнување на рамномерен регионален развој.