Сите написи од Gazmend Limani

Завршна сметка за 2019 година

631

637

785

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ И ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА ЗА 2020 ГОДИНА

Врз основа на член 35 став 1 и член 36 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој

(Службен весник на Република Македонија бр.63/07, 187/13 и 43/14, 215/2015 и 64/2018), Бирото за регионален развој објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ  РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ И ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА ЗА 2020  ГОДИНА

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на јавниот повик е доделување на средства за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата, утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, раздел 280.01, Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој ставка 488 Капитални дотации  до ЕЛС.

I ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ

2.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби согласно член 2 точка 4 од табелата на Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој ставка 488 Капитални дотации до ЕЛС (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 7/20) е утврден на 91.880.000 денари.

3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Право да поднесуваат предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби имаат единиците на локалната самоуправа кои во својот состав имаат населени места со статус на подрачја со специфични развојни потреби, утврдени со Одлука за определување на подрачјата со специфични развојни потреби (Службен весник на Република Македонија бр.33/2014)

Единиците на локалната самоуправа аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на подрачјата со специфични развојни потреби со пополнување на формуларот за аплицирање кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој   www.brr.gov.mk

4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Единиците на локалната самоуправа своите апликации за финасирање предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби треба да ги достават до Бирото за регионален развој, Улица Св. Кирил и Методиј бр. 20, Скопје, во два оригинал апликациони формулари и во електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и word (или pdf формат)), во рок од 10 (десет) дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во Службен весник на Република Северна Македонија  и јавните гласила.

II ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА

1.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, Потпрограма  ОА рамномерен регионален развој, ставка 488 Капитални дотации до ЕЛС, член 2 точка 5 од табелата,  (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 7/20) е утврден на 45.940.000 денари.

2.НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА

Во согласност со член 32 од Законот за рамномерен регионален развој вкупните средства за развој на селата утврдени во горенаведените Програми се распределуваат по региони при што секој плански регион добива подеднаков дел.

Од Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, Потпрограма  ОА рамномерен регионален развој, ставка 488 Капитални дотации до ЕЛС се распределуваат за секој од осумте плански региони по 5.742.500 денари.

3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Право да поднесуваат предлог проекти за развој на селата имаат единиците на локалната самоуправа со седиште во село односно единиците на локалната самоуправа со седиште во град и општините во Градот Скопје кои имаат село во нивниот состав, во согласност со член 10  и член 12 од Законот за територијална организација на Република Македонија  (Службен весник на Република Македонија бр.55/04).

Единиците на локалната самоуправа аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на селата со пополнување на формуларот за аплицирање за таа намена кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој  www.brr.gov.mk.

Единиците на локалната самоуправа со седиште во град кои поднесуваат предлог проекти за развој на селата кои влегуваат во нивниот состав се должни да обезбедат кофинансирање во висина од 50% од вредноста на предлог проектот.

4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Единиците на локалната самоуправа своите апликации за финасирање предлог проекти за развој на селата, треба да ги достават до Бирото за регионален развој. Улица Св. Кирил и Методиј  бр. 20, Скопје, во два оригинал апликациони формулари и во електронска форма на CD (word формат и скениран оригинал формулар pdf формат) во рок од 10 (десет) дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во Службен весник на Република Северна Македонија и  јавните гласила односно до 31.01.2020 година.

Директорот г-дин Рамиз Реџепи оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристиан Тимоние

Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна  Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние.

На средбата г-дин Реџепи ја истакна подготвеноста и заложбите на Бирото за засилување на своето делување преку интензивирање на соработката со сите можни донатори кои нудат помош на земјава, од технички и/или финансиски аспект.

Амбасадорот, г-дин Тимоние, се надоврза на темата иннформирајќи околу отпочнувањето  со работа на Француската агенција за развој која ќе соработува во клучни области со државните и со локалните власти, но и со граѓанскиот сектор.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2019

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2015, 35/2018), како и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој со бр. 04-152/4 од 23.04.2018 година, Бирото за регионален развој објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2019

за унапредување на 1 административен службеник

во Бирото за регионален развој

  1. УПР 01 01 В01 000 Советник за општи работи, Одделение за стручно-административни работи, Сектор за општи и административни работи – 1 извршител

 Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 Посебни услови:

–   Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки или Образование

–    Работно искуство: најмалку една години работно искуство во струката

 Општи работни компетенции на средно ниво

 –    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон странките/засегнати страни;

–              финансиско управување.

 Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок

–              Работни часови неделно: 40 часа

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот

 Плата:

Паричниот нето износ изнесува 26.250,00 денари.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Бирото за регионален развој, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

 –    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

–    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

–    да поминал најмалку две години на тековното работно место и

–    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Бирото за регионален развој до административниот службеник кој е надлежен за управување со човечки ресурси и до службената адреса на на административниот службеник надлежен за управување со човечки ресурси covecki.resursi@outlook.com .

 Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

–    потвдри за успешно реализирани обуки и/или

–    потврди за успешно реализирано менторство

 Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Бирото за регионален развој.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

 НАПОМЕНА: Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

Пријава за интерен оглас    

Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи одржа работна средба со г-дин Давид Оберхубер, Директор на Германското друштво за техничка соработка  (ГИЗ) за Република Северна Македонија и Косово

Денес директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи одржа работна средба со г-дин Давид Оберхубер, Директор на Германското друштво за техничка соработка  (ГИЗ) за Република Северна Македонија и Косово.

Повеќегодишната поддршка, финансиска и техничка, од страна на ГИЗ е од големо значење за нашата држава  посебно од аспект  на динамизирање  на рамномерниот регионален и на локалниот развој, истакна г-дин Реџепи.

На средбата се дискутираше за сегашните активности, планови и заложби на Бирото, актуелните проекти кои ГИЗ ги спроведува во нашата држава но се разгледаа и   можностите за идна соработка и партнерство.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2019

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2015, 35/2018), како и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој со бр. 04-152/4 од 23.04.2018 година, Бирото за регионален развој објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2019

за унапредување на 1 административeн службениk

во Бирото за регионален развој

  1. УПР 01 01 Г01 000 Самостоен референт за персонална евиденција, Одделение за стручно-административни работи, Сектор за општи и административни работи – 1 извршител

 Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–   Стручни квалификации:  ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназија

–    Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката

 Општи работни компетенции на основно ниво

 –          учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон странките/засегнати страни;

–              финансиско управување.

 Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок

–              Работни часови неделно: 40 часа

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 16.446,00 денари.

Интерен оглас   

Пријава за интерен оглас