Десет општини и три плански развојни центри ќе добијат сеопфатна и квалитетна техничка документација за реализација на приоритетните инфраструктурни проекти
Десет општини и три центри за развој на планираните региони ќе се стекнат со сеопфатна и квалитетна техничка документација за реализација на приоритетните инфраструктурни проекти кои имаат клучно значење за подобрување на условите за живот на граѓаните. Тие денеска потпишаа договори за финансирање на техничката документација на проектите.
Станува збор за активност во рамките на Фондот за техничка документација, којашто претставува инструмент за финансиска и техничка поддршка при реализација на инфраструктурни проекти на локално, меѓукомунално и регионално ниво. Фондот е компонента на проектот „Градење општински капацитети за имплементација на проекти“, кој го спроведува УНДП со финансиска поддршка од Шведска и Бирото за регионален развој.





