Изградба на пат од село Палчишта и Поштем до Автопатот Тетово – Гостивар
Денеска директорот на Биро за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи заедно со министерот за локална самоуправа г-дин Ристо Пенов и Градоначалникот на општина Боговиње г-дин Бесник Емиши учествуваа во увидот на работите што се вршат на проектот за изградба на пат од село Палчишта и Поштем до с. Автопатот Тетово – Гостивар, проект што ќе ги поврзе населените места од општина Боговина со важниот проект Коридори 8.
Градоначалникот Бесник Емиши им се заблагодари на Владата и на сите институции вклучени во финализирањето на овој инфраструктурен проект што ќе им го олесни животот на добрите граѓани од полошкиот регион.









