Биро за регионален развој
Биро за регионален развој
  • Биро
    • За Бирото
    • Цели и приоритети
    • Вработени
    • Директор
    • Службеник за млади
    • Структура
    • Стратегија
    • Лицa задолжени за неправилности и сомнежи за измами или корупција
  • Регулатива
    • Закони
    • Подзаконски акти
    • Јавни Набавки
    • Завршна сметка
    • Кодекс за административни службеници
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • ПРОЕКТ: Компјутерската моќ станува зелена – GO_GREEN
    • Архива на проекти
    • Програма за рамномерен регионален развој
  • Јавен повик
    • Јавен повик
    • Формулари за аплицирање
  • Информации од јавен карактер
    • Годишен извештај за информации од јавен карактер
    • Интерен Оглас
    • Јавен оглас
    • Систематизација
    • Барање на информации од јавен карактер
    • Ревизорски извештаи
    • Стратешки планови
    • Годишни финансиски планови по квартали
    • Годишен план за спречување на корупција
    • Годишен план за проценка на ризици од корупција
    • Годишен буџет
  • Контакт
  • Shqip
  • English
sweden brr undp
јуни 22, 2023

Известување (резултати) во врска со Јавен повик за финансирање на техничка документација

Почитувани баратели,

Ве известуваме дека заврши постапката за евалуација на барањата за финансирање на изработка на проектна документација за инфраструктурни проекти организирана во рамките на Проектот “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2”.

Евалуацијата ја изврши Комисија составена од членови на Бирото за регионален развој и УНДП, а со стручка поддршка на надворешни технички експерти.

Во рамките на предвидениот рок (19.04.2023 до 18.05.2023) поднесени беа барања од страна на вкупно 63 општини, 5 центри за регионален развој + град Скопје, или вкупно 70 апликации. Од поднесените апликации, 68 барања ги исполнија административните (елиминациски) критериуми, кои понатаму беа евалуирани согласно насоките за барателите (Анекс 2: Критериуми за еваулација на барањата за грант, од Проектниот повик и страна 6 од Повикот за проекти). Две од пристигнатите барања, не ги исполниja основните административни (елиминациски) критериуми објавени во насоките за барателите.

За да се квалификува еден предлог проект за добивање финансиски средства, потребно беше да освои најмалку 60 поени. Од сите евалуирани 68 барања, 67 освоија 60 или повеќе бодови и се квалификуваа за добивање финансиски средства во рамките на овој прв Повик. Една апликација не го освои минималниот потребен број на поени.

Од 67-те квалификувани барања, како и поаѓајќи од достапните финансиски средства, 13 највисоко рангирани, поточно со најмногу освоени бодови (во областите на мали грантови – до 30 000 УСД и големи грантови до 70 000 УСД), се избрани како приоритетни за финансирање.

Преостанатите 54 проекти се на резервна листа. Проектите од резервната листа ќе се финансираат во согласност со рангирањето и достапните финансиски средства (до исцрпувањето на вкупниот расположлив буџет). Достапните средства за проектите од резервната листа, ќе бидат познати по завршувањето на тендерските процедури за избор на проектанти за прворангираните 13 апликации (од страна на општините и центрите за регионален развој).

Клик овде за табела со резултатите од евалуацијата.

Одржана конференција „Go Green: Обезбедување дигитална еколошка одржливост“ во организација на Бирото за регионален развој Од хартија до пиксели – дигитална трансформација на општините

Related Posts

363315319_599125482407475_6113547539795670632_n

Активности, Новости

Работна средба со почесни претставници од амбасадата на Романија

UNDP_Digitalizacuja

Новости

Од хартија до пиксели – дигитална трансформација на општините

352717854_208705928773407_9215707579626407199_n

Go Green, Активности, Новости

Одржана конференција „Go Green: Обезбедување дигитална еколошка одржливост“ во организација на Бирото за регионален развој

Директор

Рамиз Реџепи

Биро за регионален развој
© Биро за регионален развој 2023

Адреса

Биро за регионален развој

Ул. Св. Кирил и Методиј бр.20
Поштенски Фах 520
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Тел: +389 2 3 121 350
Фах: +389 2 3 126 411

info@brr.gov.mk

Политика за приватност

Политика за користење на колачиња

Следете не:

јуни 2023
П В С Ч П С Н
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  
« Апр   Јул »
Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.. Со клик на копчето “Се согласувам”, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство.
Подесувања за колачињаСе согласувам
Manage consent

Вашата приватност

Секоја веб-страна зачувува колачиња со информации за Вашата посета. Овие информации може да бидат за Вас, за Вашите преференции или за Вашиот уред и најчесто се користат за да се подобри работата на веб-страната. Информациите не Ве идентификуваат директно, но може да Ви дадат персонализирано веб искуство. Колачињата може да ги зачуваат информациите за Вашите кориснички навики, но не можат да ги читаат Вашите лични податоци или информации од Вашиот хард диск. Бидејќи ние го почитуваме Вашето право на приватност, можете да изберете да не дозволувате некои видови на колачиња. Погледнете ги категориите на колачиња за да дознаете повеќе и доколку сакате да ги промените основните подесувања. Би сакале да Ви напоменеме дека блокирањето на некои категории на колачиња може да влијае на Вашето искуство при посета на страната, како и на услугите кои може да Ви ги понудиме. За повеќе информации проверете на Политика за користење на колачиња
Неопходни колачиња
Always Enabled
Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
Колачиња за аналитика
Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страницата. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
SAVE & ACCEPT