Во Струмица започна со работа Регионалниот центар за одржлив развој, кој е отворен како дел од процесот за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Струмица и Општина Василево.
Во Струмица започна со работа Регионалниот центар за одржлив развој, кој е отворен како дел од процесот за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Струмица и Општина Василево.
Во центарот ќе се одржуваат обуки за бизнис планови, ЕУ фондови и земјоделско производство. Центарот е целосно опремен со компјутери и друга техничка опрема и нуди програма за обуки за претприемачи, земјоделци и вработени во услужниот сектор.
Креирана е веб платформа за пласирање на земјоделски производи и бесплатно рекламирање на бизнисите од регионот – www.regionalencentar.mk
Градоначалниците на двете општини потпишаа договор за меѓуопштинска соработка за дигитализација на локалниот економски развој. Поттикнувањето на меѓуопштинската соработка останува една од главните определби на UNDP MK, како алатка за зголемен и одржлив локален развој.
Активностите во Струмица и Василево се реализирани во рамки на проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој“, кој УНДП го имплементира во партнерство со Бирото за регионален развој.



