Бирото за регионален развој финансираше 16.483.500,00 денари за проектот „Реконструкција на патот во село Сараќино“
Во својство на директор на Бирото за регионален развој, денеска имав задоволство заедно со високи владини претставници како што е г-дин. Оливер Спасовски, г-дин Агим Нухиу и пратениците од овој регион и т.н, да го промовирааме Проектот „Реконструкција на патот во село Сараќино“. Овој проект се реализираше со финансирање на Бирото за регионален развој, вкупната вредност на овој проект е 19.349.584,00 денари, од кои Бирото финансираше 16.483.500,00 денари, додека останатиот дел беше кофинансиран од општина Тетово.
Реализацијата на овој проект е доказ дека Бирото за регионален развој силно ги поддржува општините и влијае на нивниот развој.



