Управниот директор на Германското сојузно здружение за економски развој и надворешна трговија оствари работна средба со г-дин Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој на Република Северна Македонија.
Во рамки на неговата денешна посета на Скопје, г. Урс Ункауф, Управниот директор на Германското сојузно здружение за економски развој и надворешна трговија оствари работна средба со г-дин Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој на Република Северна Македонија.
Во рамките на разговорите на средбата, двете страни ја истакнаа потребата и можноста за поперспективна регионална и локална соработка меѓу двете земји. Ункауф ја истакна важноста на пристапите од второ и трето ниво кон комерцијалната дипломатија и го елаборираше искуството на BWA со овие формати.