Директорот на Биро за регионален развој Г-дин. Рамиз Реџепи беше еден од панелистите на годишната конференција за децентрализација и локално управување “Локална самоуправа – време за можности и ревизија”.
Директорот на Биро за регионален развој Г-дин. Рамиз Реџепи денес беше еден од панелистите на годишната конференција за децентрализација и локално управување “Локална самоуправа – време за можности и ревизија”.
На оваа панел сесија директорот на бирото Г-дин. Рамиз Реџепи сподели свои видувања и искуства околу зголемувањето на конкурентноста на планските региони, преку зголемување на иновациите, оптималното користење на природното богатство и човечкиот и економскиот капитал.
“Ваквите панел дискусии се одлична платформа за разменување на идеи и предлози од различни гледишта со цел да станеме подобар сервис за граѓаните и да го подобриме нивниот квалитет на животот во сите региони на земјата.” – Г-дин. Рамиз Реџепи




