Директорот на Бирото за регионален развој г. Рамиз Реџепи, заедно со претставници од Министерството за локална самоуправа и УНДП беа примени од г. Милаим Фетаи, Амбасадор на Северна Македонија во Хрватска
Во рамките на 5-дневната студиска посета на Република Хрватска и Република Словенија, денеска претставници на Бирото за регионален развој и УНДП ја посетија амбасадата на Македонија во Хрватска.
Директорот на Бирото за регионален развој г. Рамиз Реџепи, заедно со претставници од Министерството за локална самоуправа и УНДП беа примени од г. Милаим Фетаи, Амбасадор на Северна Македонија во Хрватска. За време на оваа посета беше истакната важноста на соработката меѓу институциите на двете земји, размената на искуства и добри практики во управувањето како и можностите за трансформирање на Бирото за регионален развој во Агенција следејќи го хрватскиот модел.
Студиската посета беше реализирана со финансиска поддршка од УНДП како дел од заедничкиот проект: „Пост КОВИД: општините како двигатели на регионалниот развој“.



