Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи оствари средба со висока делегација на Република Косово
Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи оствари средба со висока делегација на Република Косово во состав од Заменик Министерот на Министерство за регионален развој г-дин Агон Добруна, директорот за регионален развој г-дин Илбер Читаку, г-ѓа Вјендита Авдиу Муслиу – Раководител на сектор за координација на регионален развој и г-дин Валбарда Буза, асистент на Заменик Министерот за регионален развој.
Политиката за рамномерен регионален развој и актуелните предизвици со кои се соочува, размена на искуства и проширување на соработката помеѓу двете држави беа меѓу главните теми на разговор на денешната средба.



