Биро за регионален развој
Биро за регионален развој
  • Биро
    • За Бирото
    • Цели и приоритети
    • Вработени
    • Директор
    • Службеник за млади
    • Структура
    • Стратегија
    • Лицa задолжени за неправилности и сомнежи за измами или корупција
  • Регулатива
    • Закони
    • Подзаконски акти
    • Јавни Набавки
    • Завршна сметка
    • Кодекс за административни службеници
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Архива на проекти
    • Програма за рамномерен регионален развој
  • Јавен повик
    • Јавен повик
    • Формулари за аплицирање
  • Информации од јавен карактер
    • Годишен извештај за информации од јавен карактер
    • Интерен Оглас
    • Јавен оглас
    • Систематизација
    • Барање на информации од јавен карактер
    • Ревизорски извештаи
    • Стратешки планови
    • Годишни финансиски планови по квартали
    • Годишен план за спречување на корупција
    • Годишен план за проценка на ризици од корупција
    • Годишен буџет
  • Контакт
  • Shqip
  • English
315298054_434366505550041_5162005105493514072_n-1
ноември 15, 2022

Дeнес, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, ги потпиша договорите за реализација на проекти за развој на планските региони за 2022/2023 година

Дeнес, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, ги потпиша договорите за реализација на проекти за развој на планските региони со средства обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година.

Во присуство на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции г-дин Битиќи и Министерот за локална самоуправа г-дин Ристо Пенов , Директорот потпиша Договори за реализација на 29 проекти кои ќе се реализираат во- 8 те плански региони во вкупен износ од 422.408.695,00 денари. Односно, во Скопскиот плански регион ќе се реализираат 5 проекти во вкупен износ од 30.413.426, во Југоисточниот 2 проекти во вкупен износ од 46.393.538, во Источниот 5 проекти во вкупен износ од 47.732.183, во Пелагонискиот 5 проекти во вкупен износ од 50.233.084, во Полошкиот 3 проекти во вкупен износ од 55.757.948, во Југозападниот 3 проекти во вкупен износ од 56.180.356, во Вардарскиот 4 проекти во вкупен износ од 62.034.547 и во Североисточниот плански регион ќе се реализираат 2 проекти во вкупен износ од 73.076.704 денари.

Рамномерниот регионален развој како концепт подразбира континуирана финансиска поддршка од страна на државата и висок степен на координација на поддршката помеѓу министерствата, донаторите и засегнатите страни на регионално и на локално ниво.

Политиката за рамномерен регионален развој е високо позиционирана меѓу приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, целта на оваа политика е подобрување на благосостојбата на регионите, намалување на регионалните нерамномерности и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022 Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи оствари средба со висока делегација на Република Косово

Related Posts

325429152_1186761255315400_4360318034107398055_n

Активности, Новости

Директорот на Биро за регионален развој денес потпиша договор со г-дин Армен Григорјан , постојан претставник на УНДП за реализација на проектот: Градење на општински капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2

324252012_721881669228747_2251276292581322651_n

Активности, Новости

Преку проектот “За модерен,урбан и чист град” Општина Штип доби специјално возило за прочистување на канализациона мрежа со помош на Бирото за регионален развој

323243929_1300160727442461_6398564080974029937_n-1

Активности, Новости

Бирото за регионален развој финансираше 16.483.500,00 денари за проектот „Реконструкција на патот во село Сараќино“

Директор

Рамиз Реџепи

Биро за регионален развој
© Биро за регионален развој 2023

Адреса

Биро за регионален развој

Ул. Св. Кирил и Методиј бр.20
Поштенски Фах 520
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Тел: +389 2 3 121 350
Фах: +389 2 3 126 411

info@brr.gov.mk

Политика за приватност

Политика за користење на колачиња

Следете не:

ноември 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
« Авг   Дек »
Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.. Со клик на копчето “Се согласувам”, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство.
Подесувања за колачињаСе согласувам
Manage consent

Вашата приватност

Секоја веб-страна зачувува колачиња со информации за Вашата посета. Овие информации може да бидат за Вас, за Вашите преференции или за Вашиот уред и најчесто се користат за да се подобри работата на веб-страната. Информациите не Ве идентификуваат директно, но може да Ви дадат персонализирано веб искуство. Колачињата може да ги зачуваат информациите за Вашите кориснички навики, но не можат да ги читаат Вашите лични податоци или информации од Вашиот хард диск. Бидејќи ние го почитуваме Вашето право на приватност, можете да изберете да не дозволувате некои видови на колачиња. Погледнете ги категориите на колачиња за да дознаете повеќе и доколку сакате да ги промените основните подесувања. Би сакале да Ви напоменеме дека блокирањето на некои категории на колачиња може да влијае на Вашето искуство при посета на страната, како и на услугите кои може да Ви ги понудиме. За повеќе информации проверете на Политика за користење на колачиња
Неопходни колачиња
Always Enabled
Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
Колачиња за аналитика
Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страницата. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
SAVE & ACCEPT