ЈАВЕН ОГЛАС бр 01/2022
Врз основа на член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014; 27/2016; 35/2018; 198/2018 ) и (“Службен весник на РСМ” бр. 143/2019; 14/2020; 302/2020), како и член 22 став 1 алинеја 1 и член 23 од Законот за работните односи (Пречистен текст) (“Службен весник на Република Македонија” бр. 167/15) Бирото за регионален развој, орган во состав на Министерството за локална самоуправа објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2022
За вработување на 3 (три) лица во Бирото за регионален развој, на определено време
за пополнување на слободни работни места на определено време
Бирото за регионален развој, орган во состав на Министерството за локална самоуправа заради зголемен обем на работа објавува јавен оглас за вработување на 3 (три) лица на определено време до 31.12.2022 година за следниве работни места:
- УПР 01 01 В04 000 Помлад соработник за стручно оперативна поддршка при имплементација и оценување на реализацијата на проекти за регионален развој, Одделение за мониторинг, следење и евалуација на проекти, Сектор за имплементација на проекти и следење на користењето на средствата за регионален развој -1 извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Посебни услови: - ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки, Архитектура, урбанизам и планирање, Наука за книжевноста
- со или без работно искуство
Посебни работни компетенции: - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Работни часови неделно: 40 часа
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 22.000,00 денари.
- УПР 01 01 В04 000 Помлад соработник за човечки ресурси, Одделение за стручно административни работи, Сектор за општи и административни работи-1 извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Посебни услови: - ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки, Економски науки
- со или без работно искуство
Посебни работни компетенции: - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Работни часови неделно: 40 часа
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 22.000,00 денари.
- УПР 01 01 В04 000 Помлад соработник за човечки ресурси, Одделение за стручно
административни работи, Сектор за општи и административни работи-1 извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија,
дејност или должност
Посебни услови: - ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати
најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки, Економски науки - со или без работно искуство
Посебни работни компетенции: - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
(англиски, француски, германски), - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Работни часови неделно: 40 часа
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од
понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 22.000,00 денари.
- УПР 01 01 В04 000 Помлад соработник – преведувач од македонски на албански и од албански на македонски јазик, Одделение за стручно административни работи, Сектор за општи и административни работи-1 извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Посебни услови: - ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Образование, Наука за јазикот
- со или без работно искуство
Посебни работни компетенции: - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Работни часови неделно: 40 часа
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 22.000,00 денари.
Заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
- своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат (објавена на веб страната на Бирото www.brr.gov.mk )
- кратка биографија CV со задолжително наведен контакт број и адреса
- државјанство
- лекарско уверение (од специјалист по медицина на трудот)
- доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
- уверение/диплома/ за завршен степен на образование
- доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици
- доказ за познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни денови сметано од денот на неговото објавување. Изборот на кандидатите ќе се изврши согласно утврдените рокови во член 23 став 2 од Законот за работни односи. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.
Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до архивата на Бирото за регионален развој или по пошта на следнава адреса: ул. Свети Кирил и Методиј бр. 20, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување“). Ненавремената, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледувана.