Активности, Новости|

Денеска во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се одржа работна средба помеѓу директорот на Бирото за регионален развој (БРР) на РСМ г-дин Рамиз Реџепи, ректорот на УЈИЕ г.  Абдилменаф Беџети и директорот на Центарот за развој на Полошки плански регион (ЦРППР), г.  Фатмир Саити.  

Тема на работната средба беше почетокот на имплементацијата на проектот Енергетско партнерство за Полог-ПП4П, каде партнери во реализацијата на проектот се ЦРППР и УЈИЕ, додека БРР го финансира и следи спроведувањето на истиот.  

Главните активности на проектот се:

-Реконструкција на постојните простори во рамките на кампусот на УЈИЕ – со површина од 600м2-,

-Создавање на заеднички институт -iCARE- Иновативен центар за применети истражувања и едукација-, помеѓу партнерите во јавниот сектор, академската заедница, бизнис заедницата и граѓанското општество.  Институтот ќе служи како Трансфер центар за иновации и технологија во полошкиот регион. 

На крајот, Ректорот на УЈИЕ во знак на благодарност и соработка, на директорот на Бирото му го врачи плакатот за 20-годишнината на УЈИЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window