Работна средба помеѓу директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, ректорот на УЈИЕ г. Абдилменаф Беџети и директорот на Центарот за развој на Полошки плански регион (ЦРППР), г. Фатмир Саити
Денеска во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се одржа работна средба помеѓу директорот на Бирото за регионален развој (БРР) на РСМ г-дин Рамиз Реџепи, ректорот на УЈИЕ г. Абдилменаф Беџети и директорот на Центарот за развој на Полошки плански регион (ЦРППР), г. Фатмир Саити.
Тема на работната средба беше почетокот на имплементацијата на проектот Енергетско партнерство за Полог-ПП4П, каде партнери во реализацијата на проектот се ЦРППР и УЈИЕ, додека БРР го финансира и следи спроведувањето на истиот.
Главните активности на проектот се:
-Реконструкција на постојните простори во рамките на кампусот на УЈИЕ – со површина од 600м2-,
-Создавање на заеднички институт -iCARE- Иновативен центар за применети истражувања и едукација-, помеѓу партнерите во јавниот сектор, академската заедница, бизнис заедницата и граѓанското општество. Институтот ќе служи како Трансфер центар за иновации и технологија во полошкиот регион.
На крајот, Ректорот на УЈИЕ во знак на благодарност и соработка, на директорот на Бирото му го врачи плакатот за 20-годишнината на УЈИЕ.

