Интерен Оглас|

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014;  48/2015;  154/2015;  5/2016;  80/2016;  127/2016;  142/2016;  2/2017;  16/2017;  11/2018) и  (“Службен весник на РСМ” бр.  275/2019;  14/2020; 215/2021), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2015, 35/2018, 303/2020), како и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој со бр. 04-152/4 од 23.04.2018 година, и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој бр. 04-152/7 од 24.09.2018 година, бр. 01-428/1 од 22.05.2019 година, бр. 04-909/1 од 16.10.2019 година, бр. 01-713/1 од 30.10.2020, бр. 01-105/1 од 02.03.2021, бр.01-426/1 од 17.05.2021 и бр.04-830/1 од 16.08.2021 година, Бирото за регионален развој објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021

за унапредување на тројца (3) административни службеници

во Бирото за регионален развој

1.         УПР 01 01 Б03 000 Помошник раководител на сектор за спроведување на политиката за регионален развој, Сектор за спроведување на политиката за регионален развој -1 извршител

Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

 –             Стручни квалификации за сите нивоа – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен; Правни науки, Економски науки,  Градежништво и водостопанство

–    Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалкушест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции на напредно ниво

–    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон странките/засегнати страни;

–              раководење и

–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

–    положен испит за административно управување

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок    

–              Работни часови неделно: 40 часа 

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот                                                                           

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 34.000,00 денари.

2. УПР 01 01 В02 000 Виш соработник  за преглед и проверка на документација на проекти,  Одделение за прибирање на проекти, Сектор за имплементација на проекти и следење на користењето на средствата за регионален развој -1 извршител

Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–   Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; Правни науки, Архитектура, урбанизам и планирање

–    Работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на напредно ниво

–    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон клиенти/засегнати страни;

–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење  

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок    

–              Работни часови неделно: 40 часа 

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот                                                                            

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 25.000,00 денари.

3. УПР 01 01 В03 000 Соработник за прибирање податоци за проекти за развој на селата, Одделение за оперативни плански документи, Сектор за спроведување на политиката за регионален развој -1 извршител

Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–   Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; Правни науки, Јавна управа и администрација

–    Работно искуство: најмалку една година работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на напредно ниво

–    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон клиенти/засегнати страни;

–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење  

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок    

–              Работни часови неделно: 40 часа 

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот                                                                            

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 24.000,00 денари.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Бирото за регионален развој, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

–    да е оценет со оцена А или Б при последното оценување на кое бил оценуван,

– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

– да поминал најмалку две години на истото ниво и

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Бирото за регионален развој до административниот службеник кој е надлежен за управување со човечки ресурси и до службената адреса на на административниот службеник надлежен за управување со човечки ресурси covecki.resursi@outlook.com .

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

–    потвдри за успешно реализирани обуки и/или

–    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Бирото за регионален развој.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window