Јавен повик|

Врз основа на член 47 став 1 и член 48 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.24/2021), Бирото за регионален развој објавува

ЈАВЕН ПОВИК

               ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА УРБАНИТЕ ПОДРАЧЈА И ОДРЖЛИВ И УРБАН РАЗВОЈ, РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ  РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ И ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА

                    1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

            Предмет на јавниот повик е доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични  развојни потреби и за развој на селата, од Програмата за изменување и дополнување на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 84/2021).

            I. ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА УРБАНИТЕ ПОДРАЧЈА И ОДРЖЛИВ И УРБАН РАЗВОЈ

               1. ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

            Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој согласно член 2 точка 3.4 од табелата на Програма за изменување и дополнување на Програмата зa рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година, (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.84/2021) е 124.875.000 денари.

               2.НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА

            Во согласност со член 39 став (2) од Законот за рамномерен регионален развој вкупните средства за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој се распределуваат по региони согласно класификацијата на планските региони според степенот на развиеност.

            Од Програма за изменување и дополнување на Програмата зa рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година, средствата за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој се распределуваат на следниот начин:

Развој на урбани подрачја и одржлив и урбан развојУчество во % според степен на развиеностБуџет во денари
Скопски плански регион7,2%8.991.000
Југоисточен  плански регион11,1%13.861.125
Источен плански регион11,3%14.110.875
Полошки плански регион13,2%16.483.500
Пелагониски плански регион11,9%14.860.125
Вардарски плански регион14,7%18.356.625
Југозападен плански регион13,3%16.608.375
Североисточен плански регион17,3%21.603.375

            3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

            Право да поднесуваат предлог проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој согласно член 39 став (1) имаат општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Општините аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој со пополнување на формуларот за аплицирање кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој   www.brr.gov.mk

            4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

            Општините своите формулари за аплицирање за финасирање предлог проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој треба да ги достават до Бирото за регионален развој, Улица Св. Кирил и Методиј бр. 20, Скопје, во два оригинали и електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и word), во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во Службен весник на Република Северна Македонија  и јавните гласила.

            II. ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ

            1.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

            Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби согласно член 2 точка 3.2 од табелата на Програма за изменување и дополнување на Програмата зa рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година, (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 84/2021) е 124.875.000 денари.

               2.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

            Право да поднесуваат предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби согласно член 40 имаат општините и општините во градот Скопје во кои се определени подрачја со специфични развојни потреби, утврдени со Одлука за определување на подрачјата со специфични развојни потреби (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 263/19), како и Центрите за развој на планските региони, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.

            Општините и општините во градот Скопје, Центрите за развој на планските региони, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на подрачјата со специфични развојни потреби со пополнување на формуларот за аплицирање кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој   www.brr.gov.mk

               3.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

            Општините и општините во градот Скопје, Центрите за развој на планските региони, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата своите формулари за аплицирање за финансирање предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби треба да ги достават до Бирото за регионален развој, Улица Св. Кирил и Методиј бр. 20, Скопје, во два оригинали и електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и word), во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во Службен весник на Република Северна Македонија  и јавните гласила.

            III. ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА

               1.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

            Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на селата согласно член 2 точка 3.3 од табелата на Програма за изменување и дополнување на Програмата зa рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година, (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 84/2021) е 124.875.000 денари.

               2.НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА

            Во согласност со член 41 став (2) од Законот за рамномерен регионален развој вкупните средства за развој на селата се распределуваат по плански региони, согласно класификацијата на планските региони според степенот на развиеност.

            Од Програма за изменување и дополнување на Програмата зa рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година, средствата за развој на села се распределуваат на следниот начин:

Развој на селаУчество во % според степен на развиеностБуџет во денари
Скопски плански регион7,2%8.991.000
Југоисточен  плански регион11,1%13.861.125
Источен плански регион11,3%14.110.875
Полошки плански регион13,2%16.483.500
Пелагониски плански регион11,9%14.860.125
Вардарски плански регион14,7%18.356.625
Југозападен плански регион13,3%16.608.375
Североисточен плански регион17,3%21.603.375

3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

            Право да поднесуваат предлог проекти за развој на селата имаат општините и општините во градот Скопје кои имаат село во нивниот состав, во согласност со член 10  и член 12 од Законот за територијална организација на Република Македонија  (“Службен весник на Република Македонија” бр.55/04).

            Општините аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на селата со пополнување на формуларот за аплицирање за таа намена кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој  www.brr.gov.mk.

            Општините со седиште во град кои поднесуваат предлог проекти за развој на селата кои влегуваат во нивниот состав согласно член 48 став (5) се должни да обезбедат кофинансирање во висина од 50% од вредноста на предлог проектот.

               4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

            Општините своите формулари за аплицирање за финансирање предлог проекти за развој на селата, треба да ги достават до Бирото за регионален развој. Улица Св. Кирил и Методиј  бр. 20, Скопје, во два оригинал апликациони формулари и во електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и word), во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на овој јавен повик во Службен весник на Република Северна Македонија и  јавните гласила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window