Јавен повик|

          Врз основа на член 91 од Законот за рамномерен регионален развој (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 24/2021), Бирото за регионален развој објавува

ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на предлог- проекти

за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2021 година, по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој

  1. ПРЕДМЕТ НА ОТВОРЕНИОТ ЈАВЕН ПОВИК

          Предмет на отворениот јавнен повик е доделување на средства за финансирање на проекти со цел намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година,  раздел 280.01, Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој ставка 488 Капитални дотации  до ЕЛС.

          Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на оние предлог-проекти со чија реализација ќе се придонесе за намалување на  разликите во степенот на развиеност помеѓу и во рамки на планските региони, ќе се зајакне регионалната конкурентност, со остварување на сопствените развојни потенцијали на локално ниво.

          Во рамки на овој отворен јавен повик  ќе бидат поддржани финансиски проектите во согласност со приоритетните мерки и активности за намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу и во рамките на планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност, а кои произлегуваат од приоритетите утврдени во планските документи за регионален развој.

          Во 2021 година приоритетни активности и мерки се следните:

–         поттикнување на економскиот раст во планските региони,

–         развивање на современа и модерна инфраструктура во планските региони и

–         препознавање и искористување на конкурентските предности во планските региони.

          2. ИЗНОС НА СРЕДСТВА

          Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност согласно член 2 точка 3 од Табелата на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година(,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.53/2021) Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој ставка 488-Капитални дотации до ЕЛС е утврден на 88.600.000 денари.

  • KОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВАТА

          Право да поднесуваат предлог – проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност имаат Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.

          Се повикуваат сите заинтересирани корисници, како двигатели и носители на потребните промени во економските, социјалните и други развојни активности да ги достават своите барања за финансирање на проекти, во согласност со приоритетните активности и мерки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година и целта на овој отворен јавен повик.

  • КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИТЕ

1)  оправданост на  предлог – проектот во однос на усогласеност со приоритетните мерки и активности согласно член 11 од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година;

2)  финансиска способност на подносителот на предлог – проектот;

3)  одржливоста на очекуваните резултати од предлог – проектот;

4)  влијанието врз населението на локално ниво;

5)  активностите кои се потребни за реализација на предлог – проeктот;

6)  динамиката на реализација на предлог – проектот;

7)  соодветноста на индикаторите наведени во предлог – проектот со резултатите и целите на предлог – проектот.

  • РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

          Апликантите своите предлози за финансирање предлог – проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност треба да ги достават до Бирото за регионален развој, улица Св. Кирил и Методиј бр. 20, Скопје, во два оригинал формулари за аплицирање и во електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и Word), од денот на објавувањето на овој јавен повик во Службен весник на Република Северна Македонија  и јавните гласила.

          Рокот за поднесување на предлози за финансирање на предлог – проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност трае во текот на 2021 година се до искористувањето на средствата утврдени во член 2 точка 3 од Табелата од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window