Биро за регионален развој
Биро за регионален развој
  • Биро
    • За Бирото
    • Цели и приоритети
    • Вработени
    • Директор
    • Службеник за млади
    • Структура
    • Стратегија
    • Лицa задолжени за неправилности и сомнежи за измами или корупција
  • Регулатива
    • Закони
    • Подзаконски акти
    • Јавни Набавки
    • Завршна сметка
    • Кодекс за административни службеници
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Архива на проекти
    • Програма за рамномерен регионален развој
  • Јавен повик
    • Јавен повик
    • Формулари за аплицирање
  • Информации од јавен карактер
    • Годишен извештај за информации од јавен карактер
    • Интерен Оглас
    • Јавен оглас
    • Систематизација
    • Барање на информации од јавен карактер
    • Ревизорски извештаи
    • Стратешки планови
    • Годишни финансиски планови по квартали
    • Годишен план за спречување на корупција
    • Годишен план за проценка на ризици од корупција
    • Годишен буџет
  • Контакт
  • Shqip
  • English
interen oglas 2018
ноември 27, 2020

Интерен оглас бр.3

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2014, 199/2014;  48/2015;  154/2015;  5/2016;  80/2016;  127/2016;  142/2016;  2/2017;  16/2017;  11/2018) и  (“Службен весник на РСМ” бр.  275/2019;  14/2020), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2015, 35/2018), како и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој со бр. 04-152/4 од 23.04.2018 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Бирото за регионален развој бр. 04-152/7 од 24.09.2018 година, 01-428/1 од 22.05.2019 година, 04-909/1 од 16.10.2019 година, 01-713/1 од 30.10.2020 Бирото за регионален развој објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2020

за унапредување на двајца (2) административни службеници

во Бирото за регионален развој

1. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за јавни набавки,  Одделение за јавни набавки, Сектор за општи и административни работи-1 извршител

Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–   Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки или Правни науки

–    Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалкушест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

Општи работни компетенции на напредно ниво

–    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон странките/засегнати страни;

–              раководење и

–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

–    положен испит за административно управување

– потврда за положен испит за лица за јавни набавки

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок    

–              Работни часови неделно: 40 часа 

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот                                                                            

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 31.000,00 денари.

2. УПР 01 01 Б02 000 Раководител на сектор за имплементација на проекти и следење на користењето на средствата за регионален развој, Сектор за имплементација на проекти и следење на користењето на средствата за регионален развој -1 извршител

Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–   Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки, Економски науки или Наука за книжевноста.

–    Работно искуство: најмалку 5 години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 години работно искуство во струката од кои најмалку 3 години на раководно работно место во приватен сектор.

Општи работни компетенции на напредно ниво

–    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–            стратешка свест;

–              ориентираност кон клиенти/засегнати страни

–            Раководење и

–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

–    положен испит за административно управување

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок    

–              Работни часови неделно: 40 часа 

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот                                                                           

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 38.000,00 денари.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Бирото за регионален развој, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

–    да е оценет со оцена А или Б при последното оценување на кое бил оценуван,

– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

– да поминал најмалку две години на истото ниво и

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Бирото за регионален развој до административниот службеник кој е надлежен за управување со човечки ресурси и до службената адреса на административниот службеник надлежен за управување со човечки ресурси covecki.resursi@outlook.com .

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

–    потвдри за успешно реализирани обуки и/или

–    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Бирото за регионален развој.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

Интерен оглас бр.3Превземи
Пријава за унапредувањеПревземи

Одлука за избор по ннтерен оглас бр.02/2020 Одлуки за интерен оглас бр.03/2020

Related Posts

interen oglas 2018

Интерен Оглас, Новости

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2022

interen oglas 2018

Интерен Оглас

Одлука за избор по интерен оглас бр.01/2022

interen oglas 2018

Интерен Оглас

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022

Директор

Рамиз Реџепи

Биро за регионален развој
© Биро за регионален развој 2023

Адреса

Биро за регионален развој

Ул. Св. Кирил и Методиј бр.20
Поштенски Фах 520
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Тел: +389 2 3 121 350
Фах: +389 2 3 126 411

info@brr.gov.mk

Политика за приватност

Политика за користење на колачиња

Следете не:

ноември 2020
П В С Ч П С Н
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  
« Окт   Дек »
Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.. Со клик на копчето “Се согласувам”, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство.
Подесувања за колачињаСе согласувам
Manage consent

Вашата приватност

Секоја веб-страна зачувува колачиња со информации за Вашата посета. Овие информации може да бидат за Вас, за Вашите преференции или за Вашиот уред и најчесто се користат за да се подобри работата на веб-страната. Информациите не Ве идентификуваат директно, но може да Ви дадат персонализирано веб искуство. Колачињата може да ги зачуваат информациите за Вашите кориснички навики, но не можат да ги читаат Вашите лични податоци или информации од Вашиот хард диск. Бидејќи ние го почитуваме Вашето право на приватност, можете да изберете да не дозволувате некои видови на колачиња. Погледнете ги категориите на колачиња за да дознаете повеќе и доколку сакате да ги промените основните подесувања. Би сакале да Ви напоменеме дека блокирањето на некои категории на колачиња може да влијае на Вашето искуство при посета на страната, како и на услугите кои може да Ви ги понудиме. За повеќе информации проверете на Политика за користење на колачиња
Неопходни колачиња
Always Enabled
Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
Колачиња за аналитика
Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страницата. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
SAVE & ACCEPT