Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи одржа работна средба со г-дин Давид Оберхубер, Директор на Германското друштво за техничка соработка (ГИЗ) за Република Северна Македонија и Косово
Денес директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи одржа работна средба со г-дин Давид Оберхубер, Директор на Германското друштво за техничка соработка (ГИЗ) за Република Северна Македонија и Косово.
Повеќегодишната поддршка, финансиска и техничка, од страна на ГИЗ е од големо значење за нашата држава посебно од аспект на динамизирање на рамномерниот регионален и на локалниот развој, истакна г-дин Реџепи.
На средбата се дискутираше за сегашните активности, планови и заложби на Бирото, актуелните проекти кои ГИЗ ги спроведува во нашата држава но се разгледаа и можностите за идна соработка и партнерство.