Свечено пуштање во употреба на локалниот пат до регионалната депонија Русино
Денес, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи заедно со министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на делницата на локалниот пат до регионалната депонија Русино, општина Гостивар.
Проектот е реализиран преку Центарот за развој на полошкиот плански регион со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој – Министерство за локална самоуправа односно од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. За реализирација на проектот од Буџетот се издвоени средства во вредност од 24.500 милиони денари.