Активности, Новости|

Швајцарија е меѓу најголемите билатерални партнери за соработка на Република Македонија и една од најголемите земји поддржувачки на политиката за рамномерен регионален развој од 2012 година наваму. На конструктивната средба која се одржа денес во просториите на Швајцарската Амбасада во Скопје, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Реџепи и Амбасадорката на Швајцарија, Н.Е Сибил Сутер Техада разменија мислења и разговараа околу состојбите на регионалната политика која е од највисок приоритет за Владата на Р. Македонија и која ќе продолжи да работи за нејзино унапредување. Чекорите кои ќе се превземаат во иднина се круцијални во таа насока а Бирото за регионален развој ќе продолжи со заложби и посветено работење за што Амбасадорката г-ѓа Техада даде отворена поддршка.

Comments are closed.

Close Search Window