Програма за рамномерен регионален развој за 2011 година
За поттикнување на рамномерниот регионален развој на Република Македонија во 2011 година, во Буџетот на Република Македонија за 2011 година се утврдени средства во износ од 85.491.000 денари.
Средствата од оваа Програма ќе се користат за следниве намени:
Ред. Бр. | Намена | Вкупно денари |
1 | Пренесени обврски од 2010 година | 12.883.345 |
2 | Неповратно учество во финансирање проекти во планските региони | 44.175.358 |
3 | Неповратно учество во финансирање проекти во подрачја со специфични развојни потреби | 12.621.531 |
4 | Неповратно учество во финансирање проекти за развој на селата | 6.310.766 |
5 | Исплата на средства за плаќање на придонесите за ПИО и ЗО за лица кои имаат стекнато право на плаќање | 8.000.000 |
6 | Исплата на средства за одобрени регреси на дел од камати по користени кредити | 1.500.000 |
Вкупно: | 85.491.000 |