ISO сертификација

ISO sertificate

Бирото за регионален развој го заврши процесот на воведување на ИСО 9001:2008 стандардот во своето работење што претставува значаен стандард за квалитет во работењето на институцијата и што ќе придонесе за значително подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси и испораката на услуги кон крајните корисници. Овој стандард е дел од ИСО 9000 групата на стандарди кои се однесуваат на имплементација на најдобри практики во управувањето со квалитет во една организација. Признавањето на воспоставените процедури, стандардизирани согласно меѓународната сертификација е доказ за способноста на Бирото за регионален развој за доследно исполнување на барањата на корисниците на нејзините услуги, согласно законските регулаторни барања, со единствена цел за зголемување на задоволство кај истите преку ефективна примена на системот за управување со квалитет.
Сертификационото тело МКД СЕРТИФИКАТ АМ ЦЕРТ ДООЕЛ СКОПЈЕ му го додели сертификатот на Директорот на Бирото Џемаил Ељмази.

Биро за регионален развој