Архива за категоријата: Новости

Потпишани договорите за финансирање на проекти за развој на регионите во 2016

На 13.05.2016 се потпишаа Договорите за реализација на проектите ги потпишаа претставници од осумте плански региони со директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази.

На потпишувањето на договорите присуствуваа вицепремиерот Владимир Пешески, кој е претседавач на Советот за рамномерен регионален развој и министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

Со средствата ќе се финансираат проекти со кои ќе се гради или реконструира локална патна инфраструктура во седум региони, ќе се гради инфраструктура во две локални индустриски зони во Велес и Неготино, ќе се уреди јавен простор за паркови во два региони, ќе се модернизира регионалниот пазар за стоки во Пелагониски регион, ќе се изведуваат комунални инфраструктурни проекти во три региони, а ќе се изврши и адаптација и санација на Занаетчки дом во Куманово.

Со потпишувањето на договорите најмногу средства за проекти доби најмалку развиениот плански регион, Североисточниот,31 милион денари, Вардарскиот, 26 400 000, Југозападниот 23 850 000, Полошкиот 23 700 000, Пелагонискиот 21 300 000, Источниот 20 270 000 и Југоисточниот 20 000 000 денари.

IMG_8469

IMG_8471

IMG_8523

IMG_8527

IMG_8531

IMG_8586

Формулари за аплицирање 25.02.2016

web.formular

На 25.02.2016 публикувани се нови документи и формулари за аплицирање

Индикатори 2016-2018
Проекти за развој на селата 2016
Проекти-за-развој-на-подрачјата-со-специфични-развојни-потреби 2016

Формуларите се наоѓаат на страната АПЛИЦИРАЊЕ

Меѓународна конференција „Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој”

26-27 ноември, 2015, Скопје, Република Македонија, Хотел Континентал

Министерството за локална самоуправа заедно со Бирото за регионален развој , во соработка со ГИЗ, Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, беше организатор на Првата Меѓународна конференција: “Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој-Децентрализација и ЕУ пристапување”.

Меѓународна конференција Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој -Децентрализација и ЕУ пристапување 1 - LOGO MK

Продолжете со читање Меѓународна конференција „Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој”

Јавен повик II 2015

На 21.09.2015 огласен е вториот Јавен повик за “Прибирање на предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2015 година “.

Содржината може да ја ја видите во документот Jавен повик 2015 .doc

Јавниот повик трае до 01.10.2015 година.