Сите написи од Vesna Goceva

Завршна сметка за 2017 година

 

Биланс на состојба – 631

Даночен Биланс – 631

Посебни податоци – 631

Приходи и расходи – 631

Структура на приходи – 631

Биланс на состојба – 637

Посебни податоци – 637

Приходи и расходи –  637

Структура на приходи –  637

Биланс на состојба – 785

Приходи и расходи –  785

Структура на прихoди –  785

Јавен повик и формулари за аплицирање

JАВЕН ПОВИК – За прибирање на предлог проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за развој на целата за 2018 година

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ –  СПЕЦИФИЧНИ 2018

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ- СЕЛА 2018

Упатство за аплицирање

Потпишани договорите за финансирање на проекти за развој на регионите во 2017

На 02.05.2017 се потпишаа Договорите за реализација на проектите за развој на планските региони од страна на директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази и раководителите на Центрите за развој на 8-те плански региони на Република Македонија.

На свеченото потпишување присуствуваa министерката за локална самоуправа Ширет Елези, државниот секретар на Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска Гугоска и претставници од министерството, директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази и претставници од Бирото, раководителите на Центрите за развој на планските региони како и претседателите на 8 – те Совети за развој на планските региони
Според Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2017 година ќе се имплементираат вкупно 19 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 109.086.201 денари. Распределбата на средствата наменети за поттикнување на регионалниот развој се доделуваат врз основа на класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот од 2013 до 2017. Со потпишување на овие договори Центрите се задолжуваат до крајот на тековната година да ги реализираат одобрените проекти во своите региони.
Со потпишувањето на договорите најмногу средства за проекти доби најмалку развиениот плански регион, Североисточниот, 21.518.380 денари, Вардарскиот, 18.284.404 денари, Југозападниот 16.543.032 денари, Полошкиот 1.122.787 денари, Пелагонискиот 14.800.023 денари, Источниот 14.055.358 денари Југоисточниот 13.806.591денари и Скопскиот 8.955.626 денари.

Потпишани договорите за финансирање на проекти за развој на регионите во 2016

На 13.05.2016 се потпишаа Договорите за реализација на проектите ги потпишаа претставници од осумте плански региони со директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази.

На потпишувањето на договорите присуствуваа вицепремиерот Владимир Пешески, кој е претседавач на Советот за рамномерен регионален развој и министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

Со средствата ќе се финансираат проекти со кои ќе се гради или реконструира локална патна инфраструктура во седум региони, ќе се гради инфраструктура во две локални индустриски зони во Велес и Неготино, ќе се уреди јавен простор за паркови во два региони, ќе се модернизира регионалниот пазар за стоки во Пелагониски регион, ќе се изведуваат комунални инфраструктурни проекти во три региони, а ќе се изврши и адаптација и санација на Занаетчки дом во Куманово.

Со потпишувањето на договорите најмногу средства за проекти доби најмалку развиениот плански регион, Североисточниот,31 милион денари, Вардарскиот, 26 400 000, Југозападниот 23 850 000, Полошкиот 23 700 000, Пелагонискиот 21 300 000, Источниот 20 270 000 и Југоисточниот 20 000 000 денари.

IMG_8469

IMG_8471

IMG_8523

IMG_8527

IMG_8531

IMG_8586