Сите написи од BrrAdmin BrrAdmin

Формулари за аплицирање 25.02.2016

web.formular

На 25.02.2016 публикувани се нови документи и формулари за аплицирање

Индикатори 2016-2018
Проекти за развој на селата 2016
Проекти-за-развој-на-подрачјата-со-специфични-развојни-потреби 2016

Формуларите се наоѓаат на страната АПЛИЦИРАЊЕ

Меѓународна конференција „Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој”

26-27 ноември, 2015, Скопје, Република Македонија, Хотел Континентал

Министерството за локална самоуправа заедно со Бирото за регионален развој , во соработка со ГИЗ, Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, беше организатор на Првата Меѓународна конференција: “Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој-Децентрализација и ЕУ пристапување”.

Меѓународна конференција Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој -Децентрализација и ЕУ пристапување 1 - LOGO MK

Продолжете со читање Меѓународна конференција „Предизвици и перспективи во регионалниот и локалниот развој”

01/08/2014, Финансирање на подрачја со специфични развојни потреби и села во 2014 година

web.одлука

Врз основа на член 42 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на Република Македонија” бр.63/07, 187/13 и 43/14), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 1.8.2014 година, донесе:

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ ВО 2014 ГОДИНА

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА ВО 2014 ГОДИНА

13/02/2014, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

На ден 13/02/2014 година, во просториите на Бирото за регионален развој се потпишаа договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото, претставувано од директорот Џемаил Елмази  и раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија. Во текот на 2014 година ќе се имплементираат вкупно 26 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 42.095.533 денари. Продолжете со читање 13/02/2014, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

25/11/2013, Средба со претставници од Германското друштво за техничка соработка

Директорот на Бирото за регионален развој, г-дин Џемаил Елмази оствари средба со претставникот на ГИЗ (Германско друштво за техничка соработка) и лидер на проектот, г-дин Реинхолд Бауерле.
Германското друштво за техничка соработка во Република Македонија има круцијална улога во областа на регионалниот развој со чија помош е изготвен и Законот за рамномерен регионален развој и Стратегијата за регионален развој со тригодишен Акциски план.  Продолжете со читање 25/11/2013, Средба со претставници од Германското друштво за техничка соработка