Директорот г-дин Рамиз Реџепи оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристиан Тимоние

Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна  Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние.

На средбата г-дин Реџепи ја истакна подготвеноста и заложбите на Бирото за засилување на своето делување преку интензивирање на соработката со сите можни донатори кои нудат помош на земјава, од технички и/или финансиски аспект.

Амбасадорот, г-дин Тимоние, се надоврза на темата иннформирајќи околу отпочнувањето  со работа на Француската агенција за развој која ќе соработува во клучни области со државните и со локалните власти, но и со граѓанскиот сектор.