Интерен Оглас|

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2015, 35/2018), како и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој со бр. 04-152/4 од 23.04.2018 година, Бирото за регионален развој објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2019

за унапредување на 1 административeн службениk

во Бирото за регионален развој

 

  1. УПР 01 01 Г01 000 Самостоен референт за персонална евиденција, Одделение за стручно-административни работи, Сектор за општи и административни работи – 1 извршител

 Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

–   Стручни квалификации:  ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназија

–    Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката

 Општи работни компетенции на основно ниво

 –          учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон странките/засегнати страни;

–              финансиско управување.

 Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок

–              Работни часови неделно: 40 часа

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 16.446,00 денари.

 

  На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Бирото за регионален развој, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

 

–    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

–    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

–    да поминал најмалку две години на тековното работно место и

–    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Бирото за регионален развој до административниот службеник кој е надлежен за управување со човечки ресурси и до службената адреса на на административниот службеник надлежен за управување со човечки ресурси covecki.resursi@outlook.com .

 

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

–    потвдри за успешно реализирани обуки и/или

–    потврди за успешно реализирано менторство

 

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Бирото за регионален развој.

 

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

 

НАПОМЕНА: Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 

Интерен оглас   

Пријава за интерен оглас 

Comments are closed.

Close Search Window