Активности, Новости|

На ден 18/07/2019 година, Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи потпиша 74 договори за реализација на проекти кои ќе се реализираат во 54 Општини. Средствата се обезбедени од Буџетот на РСМ, односно од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година од мерките: развој на подрачја со специфични развојни потреби и развој на села.

Рамномерниот регионален развој е приоритет на Владата на Република Северна Македонија, во таа насока се и заложбите на Министерството за локална самоуправа како носител на политиката за рамномерен регионален развој и Бирото за регионален развој како имплементатор на истата кои работат со зголемена динамика и максимална посветеност на зголемување на ефективноста и ефикасноста на политиката преку зголемување на конкурентноста на поголемите општини и на планските региони но притоа посветувајќи посебно внимание на малите, руралните општини.

Доказ за нашата координирана работа и посветеност е и континуираното зголемување на буџетот кој се одделува за оваа политика и истиот за разлика од минатата година е двојно поголем. Свесни сме дека тоа е далеку од законски предвидените средства  но доколку се работи со овој интензитет, убеден сум дека со нашите заложби како одговорни институции за оваа политика и со Заложбите на Владата на РСМ во блиска иднина ќе се постигне и законски предвидениот 1% од БДП, истакна Директорот Реџепи.

Подолу  листа на проектите кои ќе се финансираат од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година, мерки: развој на подрачја со специфични развојни потреби и развој на села.

Проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби 2019 година

Проекти за развој на селата за 2019 година

Comments are closed.

Close Search Window