ЈАВЕН ПОВИК 2019

Врз основа на член 35 став 1 и член 36 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој (Службен весник на Република Македонија бр.63/07, 187/13 и 43/14, 215/2015 и 64/2018), Бирото за регионален развој објавува

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ  РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ И ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА ЗА 2019  ГОДИНА

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на јавниот повик е доделување на средства за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата, утврдени во Буџетот на Република Македонија за 2019 година, раздел 191.01, потпрограма ОА  Рамномерен регионален развој ставка 464 Разни трансфери и раздел 280.01, Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој ставка 488 Капитални дотации  до ЕЛС.

 I ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈАТА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ

 2.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби согласно член 2 точка 4 од табелата на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година, Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој ставка 464 Разни трансфери и Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој ставка 488 Капитални дотации до ЕЛС (Службен весник на Република Македонија бр. 15/19) е утврден на 82.499.100 денари.

 3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Право да поднесуваат предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби имаат единиците на локалната самоуправа кои во својот состав имаат населени места со статус на подрачја со специфични развојни потреби, утврдени со Одлука за определување на подрачјата со специфични развојни потреби (Службен весник на Република Македонија бр.33/2014)

Единиците на локалната самоуправа аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на подрачјата со специфични развојни потреби со пополнување на формуларот за аплицирање кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој   www.brr.gov.mk

 4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Единиците на локалната самоуправа своите апликации за финасирање предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби треба да ги достават до Бирото за регионален развој, Улица Св. Кирил и Методиј бр. 20, Скопје, во два оригинал апликациони формулари и во електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и word (или pdf формат)), во рок од триесет дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во Службен весник на Република Македонија  и јавните гласила.

 II ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА

 1.ИЗНОС НА СРЕДСТВАТА

Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година, Потпрограма  ОА рамномерен регионален развој, ставка 464 Разни трансфери и Потпрограма  ОА рамномерен регионален развој, ставка 488 Капитални дотации до ЕЛС, член 2 точка 5 од табелата,  (Службен весник на Република Македонија бр. 15/19) е утврден на 41.249.550 денари.

 2.НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА

Во согласност со член 32 од Законот за рамномерен регионален развој вкупните средства за развој на селата утврдени во горенаведените Програми се распределуваат по региони при што секој плански регион добива подеднаков дел.

Од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година, Потпрограма  ОА рамномерен регионален развој, ставка 464 Разни трансфери и Потпрограма  ОА рамномерен регионален развој, ставка 488 Капитални дотации до ЕЛС се распределуваат за секој од осумте плански региони по 5.156.194 денари.

 

3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Право да поднесуваат предлог проекти за развој на селата имаат единиците на локалната самоуправа со седиште во село односно единиците на локалната самоуправа со седиште во град и општините во Градот Скопје кои имаат село во нивниот состав, во согласност со член 10  и член 12 од Законот за територијална организација на Република Македонија  (Службен весник на Република Македонија бр.55/04).

Единиците на локалната самоуправа аплицираат со предлог проекти за доделување на средства за развој на селата со пополнување на формуларот за аплицирање за таа намена кој е објавен на веб страницата на  Бирото за регионален развој  www.brr.gov.mk.

 Единиците на локалната самоуправа со седиште во град кои поднесуваат предлог проекти за развој на селата кои влегуваат во нивниот состав се должни да обезбедат кофинансирање во висина од 50% од вредноста на предлог проектот.

 4.РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

Единиците на локалната самоуправа своите апликации за финасирање предлог проекти за развој на селата, треба да ги достават до Бирото за регионален развој. Улица Св. Кирил и Методиј  бр. 20, Скопје, во два оригинал апликациони формулари и во електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и word (или pdf формат)) во рок од триесет дена од денот на објавувањето на овој јавен повик во Службен весник на Република Македонија и  јавните гласила.

Jавен повик 2019   

Упатство за аплицирање 2019   

Формулар за Аплицирање –  Развој на подрачја со специфични развојни потреби 2019    

Формулар за Аплицирање – Развој на села 2019