Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи даде свој придонес како говорник во панел дискусијата на регионалниот форум „Процесот на децентрализација во Македонија“

Денес директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи даде свој придонес како говорник во панел дискусијата на регионалниот форум „Процесот на децентрализација во Македонија“ чиј домаќин беше Општина Велес.
На форумот воглавно акцентот беше ставен на состојбите и предизвиците на политиката за рамномерен регионален развој, успешноста на единиците на локалната самоуправа во испорака на законските надлежности и услуги кои ги вршат како и на (де)централизираниот развој на граѓанското општество во Македонија.

Директорот Реџепи даде свои видувања и размислувања околу покренатите прашања до каде е процесот на децентрализација, како до порамномерен развој на регионите и како до поефикасна, поинклузивна и потранспарентна локална самоуправа.
На Форумот учествуваа и заменик министерот за локална самоуправа г-дин Дејан Павлески, градоначалникот на Општината домаќин г-дин Аце Коцевски, директорката на Центарот за развој на источниот плански регион г-ѓата Драгица Здравева, градоначалници и претставници на граѓанските организации а воведни обраќања имаа г-дин Петруш Тоинес – меѓународен лидер на Цивика мобилитас и Н.Е. Сибил Сутер Тејада, Амбасадор на Швајцарија во Р. Македонија.
Форумот беше организиран од Форум – Центар за стратешки истражувања и документација – Скопје, Центар за економски анализи – Скопје и Институт за развој на заедниците – Тетово во соработка со програмата Цивика мобилитас.