Учество на директорот на Бирото на 6-тата  седница на Советот за развој на источниот плански регион кој се одржа во хотел Манастир- Берово

Учество на директорот на Бирото на 6-тата
седница на Советот за развој на источниот плански регион кој се одржа во хотел Манастир- Берово. На седницата на Советот присуствуваа и г-ѓа Лујза Винтон – постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП, министерот за Локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу, директорката на Центарот г-ѓа Драгица Здравева и градоначалниците на општините од источниот плански регион.
“Ви благодарам на поканата, чест и привилегија ми е да присуствувам на седницата на совет за развој на источниот плански регион и давам збор дека ќе се одзвам на секоја покана во иднина” истакна г-дин Реџепи. Им посака на градоначалниците успешна и квалитетна реализација на проектите кои ќе бидат финансирани во 2018 година од Бирото преку Ценатрот за развој на источниот плански регион и ја напомена важноста на навременото подмирување на обврските према Центарот од страна на Општините.

Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи даде свој придонес како говорник во панел дискусијата на регионалниот форум „Процесот на децентрализација во Македонија“

Денес директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи даде свој придонес како говорник во панел дискусијата на регионалниот форум „Процесот на децентрализација во Македонија“ чиј домаќин беше Општина Велес.
На форумот воглавно акцентот беше ставен на состојбите и предизвиците на политиката за рамномерен регионален развој, успешноста на единиците на локалната самоуправа во испорака на законските надлежности и услуги кои ги вршат како и на (де)централизираниот развој на граѓанското општество во Македонија.

Директорот Реџепи даде свои видувања и размислувања околу покренатите прашања до каде е процесот на децентрализација, како до порамномерен развој на регионите и како до поефикасна, поинклузивна и потранспарентна локална самоуправа.
На Форумот учествуваа и заменик министерот за локална самоуправа г-дин Дејан Павлески, градоначалникот на Општината домаќин г-дин Аце Коцевски, директорката на Центарот за развој на источниот плански регион г-ѓата Драгица Здравева, градоначалници и претставници на граѓанските организации а воведни обраќања имаа г-дин Петруш Тоинес – меѓународен лидер на Цивика мобилитас и Н.Е. Сибил Сутер Тејада, Амбасадор на Швајцарија во Р. Македонија.
Форумот беше организиран од Форум – Центар за стратешки истражувања и документација – Скопје, Центар за економски анализи – Скопје и Институт за развој на заедниците – Тетово во соработка со програмата Цивика мобилитас.

 

Директорот на Бирото г.Рамиз Реџепи ја посетил општината Долнени заедно со заменик министерот за локална самоуправа, г-дин Дејан Павлески

Денес ја посетивме општината Долнени заедно со заменик министерот за локална самоуправа, г-дин Дејан Павлески. Tема на која се дискутираше беше регионалниот и рамноправен развој на општините во Република Македонија. Градоначалникот на општината, ЏЕМИЛ ЌАМИЛИ рече дека до сега постои лоша практика на распределба на централните фондови каде што тие средства се концентрирани во големите градови и барам оваа практика да се промени и да се реши во сите општини во РМ сo посебен акцент на руралните општини. Министерот и директорот на Бирото Рамиз Реџепи се согласија во иднината да влијат владата да одвои повеќе средства за еднаков рурален развој на општините.

 

Г-дин Реџепи се сретна со г-ѓа Звјездана Боровац, втор секретар, задолжен за економски прашања во Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија

Република Македонија и Република Хрватска се пријателски држави, и меѓудругото Хрватска е голем поддржувач на Македонија во остварувањето на евроатлантските цели.

Институционално запознавање и размена на искуства, позитивни но и посебен акцент на предизвиците кои следат, можностите за користење на европски извори на средства, како и можностите за заедничка соработка во иднина и други прашања поврзани со рамномерниот регионален развој беа главни точки на дискусија на денешната посета на директорот на Бирото за регионален развој во Амбасадата на Република Хрватска во Р. Македонија.

Г-дин Реџепи се сретна со г-ѓа Звјездана Боровац, втор секретар, задолжен за економски прашања во Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија.