Средба помеѓу директорот на Бирото за регионален развој г.Рамиз Реџепи и Амбасадорот на Германија г.Н.Е Томас Герберих

Честа е навистина голема да го примиме денес во просториите на Бирото за регионален развој Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Скопје Н.Е Томас Герберих. Во конструктивна атмосвера директорот на Бирото г-дин Реџепи и Амбасадорот продискутираа околу активностите и поддршката која Р. Германија несебично и ја дава на Р. Македонија изминативе години во различни области а пред се во областа на рамномерниот регионален развој. Сојузна Република Германија негува интезивна размена со Р. Македонија како на билатерално така и на мултилатерално ниво преку многубројни програми и проекти за соработка, во таа насока и ќе продолжиме да делуваме, истакна Амбасадорот кој исто така му искажа отворена поддршка на директорот за неговите напори за зајакнување на капацитетите на Бирото и поддршка во насока на унапредување на политиката за рамномерен регионален развој воопшто. Директорот Реџепи му се заблагодари на Амбасадорот за посетата како и за значајните напори од германска страна во насока на подобрување и унапредување на политиката пред се преку канцелариите на ГИЗ (Германска канцеларија за техничка соработка и развој).