Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи оствари работна средба со раководителите на Центрите за развој на планските региони

 

Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи оствари работна средба со раководителите на Центрите за развој на планските региони на која ги сослуша конкретните проблеми со кои се соочуваат и се договорија успешната досегашна соработка да продолжи и во иднина како и заеднички и координирано да работат во насока на подобрување и унапредување на политиката во сите аспекти.Исто така беше договорено проектите кои ќе бидат финансирани од Бирото во 2018 година да бидат изведени ефикасно и квалитетно како и во предвидениот рок за нивна реализација а се со цел доделените средства да бидат во целост искористени и да нема пренесени обврски во 2019 година.

Работна средба на директорот г.Рамиз Реџепи со Н.Е Карло Ромео, амбасадор на Р.Италија

Денес ја имавме честа во просториите на Бирото за регионален развој да имаме работна средба со Н.Е Карло Ромео, амбасадор на Р.Италија во Р. Македонија. Директорот на Бирото Рамиз Реџепи ја истакна благодарноста за присуството на амбасадорот и го информираше за активностите на Бирото. Продолжување и зајакнување на досегашната соработка како и работење со максимална посветеност во иднина беа главните акценти на кои се задржаа амбасадорот и директорот.

Остварена средба во одлична атмосвера на домаќините ТИКА (Турска агенција за соработка и развој).

Остварена средба во одлична атмосвера на домаќините ТИКА (Турска агенција за соработка и развој). Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи денес имаше продуктивен, отворен и конструктивен разговор со г-динот Aytekin Ayden, координатор за Република Македонија. Посветеното работење со реални резултати за граѓаните со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење во различни области се наша примарна цел, истакнаа директорот и г-динот Ayden.

Работен состанок помеѓу директорот г.Рамиз Реџепи и Амбасадорот на Р.Сербија г-ѓа Н.Е. Душанка Дивјак-Томич

Поддршката и соработката пред се со соседните земји е од особено значење и во насока на истото беше одржан работен состанок во Амбасадата на Р. Србија во Р. Македонија помеѓу директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи и амбасадорот Н.Е. Душанка Дивјак-Томич. Амбасадорот и директорот продискутираа околу состојбите во регионот како и за предизвиците со кои се соочуваат. Клучна е поддршката и соработката помеѓу Р. Македонија и Р. Србија во сферата на регионалниот рамномерен развој искуствата од двете земји особено за вакви клучни теми и области за двете земји аспирантки за влез во ЕУ.

Директорот г.Рамиз Реџепи оствари средба со претставниците на УНДП

Денес во просториите на Бирото за регионален развој, директорот г- дин Рамиз Реџепи оствари средба со г-ѓа Нарин Сахакиан, заменик постојан претставник на Програмата за развој на обединетите нации и проектниот менаџер Илмиасан Даути, експерт за локална самоуправа. УНДП се значајни партнери во Р. Македонија во воспоставување, унапредување и зајакнување на процесите од различни области потенцираше директорот Реџепи. Бирото го поддржува локалниот и регионалниот развој и има суштински битна улога за општините при реализацијата на нивните проекти. Оттука, активната вклученост на истото како клучна имплементирачка институција на политиките за рамномерен регионален развој во сите процеси и случувања од областа е од особена важност и во насока на тоа беше продискутирано и за можноста за потпишување на Меморандум за соработка во иднина.

Средба помеѓу директорот на Бирото за регионален развој г.Рамиз Реџепи и Амбасадорот на Германија г.Н.Е Томас Герберих

Честа е навистина голема да го примиме денес во просториите на Бирото за регионален развој Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Скопје Н.Е Томас Герберих. Во конструктивна атмосвера директорот на Бирото г-дин Реџепи и Амбасадорот продискутираа околу активностите и поддршката која Р. Германија несебично и ја дава на Р. Македонија изминативе години во различни области а пред се во областа на рамномерниот регионален развој. Сојузна Република Германија негува интезивна размена со Р. Македонија како на билатерално така и на мултилатерално ниво преку многубројни програми и проекти за соработка, во таа насока и ќе продолжиме да делуваме, истакна Амбасадорот кој исто така му искажа отворена поддршка на директорот за неговите напори за зајакнување на капацитетите на Бирото и поддршка во насока на унапредување на политиката за рамномерен регионален развој воопшто. Директорот Реџепи му се заблагодари на Амбасадорот за посетата како и за значајните напори од германска страна во насока на подобрување и унапредување на политиката пред се преку канцелариите на ГИЗ (Германска канцеларија за техничка соработка и развој).