Потпишани договорите за финансирање на проекти за развој на регионите во 2017

На 02.05.2017 се потпишаа Договорите за реализација на проектите за развој на планските региони од страна на директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази и раководителите на Центрите за развој на 8-те плански региони на Република Македонија.

На свеченото потпишување присуствуваa министерката за локална самоуправа Ширет Елези, државниот секретар на Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска Гугоска и претставници од министерството, директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази и претставници од Бирото, раководителите на Центрите за развој на планските региони како и претседателите на 8 – те Совети за развој на планските региони
Според Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2017 година ќе се имплементираат вкупно 19 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 109.086.201 денари. Распределбата на средствата наменети за поттикнување на регионалниот развој се доделуваат врз основа на класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот од 2013 до 2017. Со потпишување на овие договори Центрите се задолжуваат до крајот на тековната година да ги реализираат одобрените проекти во своите региони.
Со потпишувањето на договорите најмногу средства за проекти доби најмалку развиениот плански регион, Североисточниот, 21.518.380 денари, Вардарскиот, 18.284.404 денари, Југозападниот 16.543.032 денари, Полошкиот 1.122.787 денари, Пелагонискиот 14.800.023 денари, Источниот 14.055.358 денари Југоисточниот 13.806.591денари и Скопскиот 8.955.626 денари.