Потпишани договорите за финансирање на проекти за развој на регионите во 2016

На 13.05.2016 се потпишаа Договорите за реализација на проектите ги потпишаа претставници од осумте плански региони со директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази.

На потпишувањето на договорите присуствуваа вицепремиерот Владимир Пешески, кој е претседавач на Советот за рамномерен регионален развој и министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

Со средствата ќе се финансираат проекти со кои ќе се гради или реконструира локална патна инфраструктура во седум региони, ќе се гради инфраструктура во две локални индустриски зони во Велес и Неготино, ќе се уреди јавен простор за паркови во два региони, ќе се модернизира регионалниот пазар за стоки во Пелагониски регион, ќе се изведуваат комунални инфраструктурни проекти во три региони, а ќе се изврши и адаптација и санација на Занаетчки дом во Куманово.

Со потпишувањето на договорите најмногу средства за проекти доби најмалку развиениот плански регион, Североисточниот,31 милион денари, Вардарскиот, 26 400 000, Југозападниот 23 850 000, Полошкиот 23 700 000, Пелагонискиот 21 300 000, Источниот 20 270 000 и Југоисточниот 20 000 000 денари.

IMG_8469

IMG_8471

IMG_8523

IMG_8527

IMG_8531

IMG_8586