30/11/2012, Посета на Украинска делегација на Бирото за регионален развој

На ден 30.11.2012 во просториите на Бирото за регионален развој се одржа средба на која присуствуваа директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Џемаил Елмази, дел од вработените во Бирото и делегацијата на Украина. Темата на посетата беше размена на искуства во делот на имплементација на регионалната политика од страна на Биротот за регионален развој и координацијата со Центрите за развој на планските региони.

На гостите од Украина сето ова им беше презентирано преку куса презентација а потоа беше оставено време за дискусија. Гостите најповеќе беа заинтересирани за начинот на распределба на средствата по региони, типот на проекти што се финансираат и како се одредува процентуалното учество на секој регион во прераспределбата на средствата.

Ukrainian Delegation:
1. Mr. Denys FEDOSIEIEV, First Deputy Mayor (Bryanka)
2. Mrs. Svitlana GREBENKOVA, Head of the Department of Economy (Alchevsk)
3. Mrs. Liudmyla KUNYTSKA, Deputy Mayor (Stahanov)
4. Mr. Oleg MIKHALOV, Director of the Agency for Sustainable Development of Lugansk Region (Lugansk)
5. Mrs. Kateryna ORLOVA, RDA project manager (Stahanov)
6. Mrs. Olha SEZONENKO, RDA project manager (Stahanov)
7. Mr. Sergiy SHARSHOV, Deputy head of the Department of Regional Development, Ministry of Regional Development (Kyiv)
8. Mr. Valeriy ZABOLOTNYI, RDA Director (Stahanov)
9. Mr. Taras ZHURAVEL, GIZ project coordinator (Kyiv)

ukrainska3 ukrainska2 ukrainska1