27/06/2013, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

На ден 27/06/2013 година, во просториите на Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој претставувано од директорот Џемаил Елмази  и  раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија ги потпишаа договорите за реализација на проекти за 2013 година.

Во текот на 2013 година ќе се имплементираат вкупно 39 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 51.960.063,40 денари. Распределбата на средствата наменети за поттикнување на регионалниот развој се доделуваат врз основа на класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот од 2013 до 2017. Со потпишување на овие договори Центрите се задолжуваат до крајот на тековната година да ги реализираат одобрените проекти во своите региони. На свеченото потпишување присуствуваa министерот за локална самоуправа Тахир Хани и претставници од министерството, директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази и претставници од Бирото, раководителите на Центрите за развој на планските региони како и претседателите на 8 – те Совети за развој на планските региони.

Деталната листа на проектите по региони, објавена во Службен весник на Република Македонија на 20 јуни 2013 година Бр. 88, можете да ја најдете на следниот линк: