25/11/2013, Средба со претставници од Германското друштво за техничка соработка

Директорот на Бирото за регионален развој, г-дин Џемаил Елмази оствари средба со претставникот на ГИЗ (Германско друштво за техничка соработка) и лидер на проектот, г-дин Реинхолд Бауерле.
Германското друштво за техничка соработка во Република Македонија има круцијална улога во областа на регионалниот развој со чија помош е изготвен и Законот за рамномерен регионален развој и Стратегијата за регионален развој со тригодишен Акциски план. 

Со Акцискиот план е поставена основата за изготвување на програмите за развој од страна на планските региони а врз основа на тоа  Центрите за развој на планските региони започнаа успешно да подготвуваат и имплементираат проекти за регионален развој и прекугранична соработка. Од донесувањето на Законот за рамномерен регионален развој до денес главните актери односно матичните институции Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој како орган во негов состав и Центрите за развој на планските региони, со поддршката на ГИЗ воспоставија квалитетен систем за регионален развој  кој што има капацитет квалитетно да реализира и многу поголеми средства, како од буџетот на државата така и  од европските фондови, рече директорот Елмази.
г. Реинхолд Бауерле изрази задоволство за досегашната соработка како и за продолжувањето на истата во функција на димензионирање и унапредување на регионалниот развој.
Г-дин Бауерле, како нов назначен тим лидер на Германското друштво за техничка соработка во Република Македонија, ја искористи оваа прилика да се запознае и со тимот на Бирото кој активно и неуморно работи на унапредувањето на политиките за рамномерен регионален развој.

ger02 Ger01