13/02/2014, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

На ден 13/02/2014 година, во просториите на Бирото за регионален развој се потпишаа договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото, претставувано од директорот Џемаил Елмази  и раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија. Во текот на 2014 година ќе се имплементираат вкупно 26 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 42.095.533 денари.Распределбата на средствата наменети за поттикнување на регионалниот развој се доделуваат врз основа на класификација на планските региони според степенот на развиеност за периодот од 2013 до 2017. Оттаму, произлегува следнава распределба за 2014 година:

– 3 (три) проекти, во вредност од 3.030,878 ќе се реализираат од страна на Центарот за развој на Скопскиот плански регион;
– 4 (Четири) проекти во вредност од 4.672.604 ќе се реализираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
– Центарот за развој на Источниот плански регион ќе реализира 2 (два) проекти во вредност од 4.756.795
– Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе реализира 2 (два) проекти во вредност од 5.009.368;
– 1 (еден) проект за поттикнување на регионалниот развој во вредност од 5.556.610 ќе бидат реализирани од страна на Центарот за развој на Полошкиот плански регион;
– Центарот за развој на Југозападниот регион ќе реализира 4 (четири) проекти во вредност од 5.598.706;
– Центарот за развој на Вардарскиот регион ќе реализира 4 (четири) проекти во вредност од 6.188.043;
– 6 (шест) проекти во вредност од 7.282.527 ќе бидат реализирани од страна на Североисточниот плански регион.

Деталната листа на проектите по региони, објавена во Службен весник на Република Македонија на 31 јануари 2014 година Бр. 23, можете да ја најдете на следниот линк:
Листа на проекти за развој на планските региони финасирани од Буџетот на РМ во 2014 година
dogovor_2014 2 dogovor_2014 1 Dogovor_2014