06/11/2012, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

На ден 06/11/2012 година, во просториите на Бирото за регионален развој се потпишаа договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото, претставувано од директорот Џемаил Елмази  и раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија. Во текот на 2012 година ќе се имплементираат вкупно 27 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 13.322.925 денари. Распределбата на средствата наменети за поттикнување на регионалниот развој се доделуваат врз основа на класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот од 2008 до 2012. Оттаму, произлегува следнава распределба за 2012 година:
– 4 (четири) проекти, во вредност од 852.676 ќе се реализираат од страна на Центарот за развој на Скопскиот плански регион;
– 1 (еден) проект во вредност од 1.412.230 ќе се реализираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
– Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе реализира 6 (шест) проекти во вредност од 1.718.657;
– Центарот за развој на Југозападниот регион ќе реализира 4 (четири) проекти во вредност од 1.731.980;
– 5 (пет) проекти за поттикнување на регионалниот развој во вредност од 1.731.980 ќе бидат реализирани од страна на Центарот за развој на Полошкиот плански регион;
– Центарот за развој на Вардарскиот регион ќе реализира 3 (три) проекти во вредност од 1.798.595;
– Центарот за развој на Источниот плански регион ќе реализира 2 (два) проекти во вредност од 1.865.209 и
– 2 (два) проекти во вредност од 2.211.598 ќе бидат реализирани од страна на Североисточниот плански регион.

Деталната листа на проектите по региони, објавена во Службен весник на Република Македонија на 31 октомври 2012 година Бр. 134, можете да ја најдете на следниот линк:

Листа на проекти за развој на планските региони финасирани од Буџетот на РМ во 2012 година
20122 2012 IMG_00222012